X
 26.11.2025 Живот

Опасни искуства за кои луѓето плаќаат и си го ризикуваат животот

Човечката природа е чудна. Додека повеќето од нас патуваат во потрага по искуства за кои ќе зборуваат и ќе се сеќаваат со задоволство, некои патуваат заради адреналин, ставајќи се во опасни ситуации, со цел да нешто да им го забрза пулсот. Па, ова се некои од оние места каде што туристите одат по цена на животот…

Хорсшу Бенд (САД)

Оваа карпа се наоѓа во Големиот Кањон, а селфињата од неа го преплавија интернетот во последните неколку години. Иако не е „опасна“ сама по себе, луѓето често преземаат ризици со цел да ја добијат најдобрата фотографија. Секако, глупоста има цена, па веќе имало регистриран пад од карпата и смртен случај поради приближување до работ.


Ѓаволски базен (Замбија/Зимбабве)

Се наоѓа на врвот на Викториините Водопади, најголемите во светот, и во него можете да пливате само помеѓу септември и декември, кога нивото на водата е најниско. Тоа е „природен“ базен на работ на водопадот, па туристите пливаат или стојат буквално на неколку метри од работ, но ако го преминат- паѓаат во бездна од околу сто метри. Иако официјално не се регистрирани смртни случаи, неофицијално се верува дека имало неколку.

Свети Мартин (Кариби)


Овој карипски остров е административно поделен помеѓу Холандија и Франција. Тука плажата е веднаш до аеродромската писта, а авионите слетуваат и полетуваат буквално над главите на туристите. Иако ова треба да биде искуство, имало и смртни случаи, како што е случајот со турист од Нов Зеланд во 2017 година. 

Тролтунга (Норвешка)


Оваа природна карпа во земјата докажува дека обидите за правење најдобро селфи може да имаат фатални последици. Тоа е спектакуларно место за фотографирање, но ако одите предалеку, затоа што навистина сакате да стигнете до работ, може да завршите трагично. Историјата бележи еден фатален случај точно пред десет години, кога еден млад Австралиец, сакајќи да ја добие најдобрата можна фотографија, отишол чекор предалеку.


Патот на смртта (Боливија)

На интернет сигурно некогаш сте наишле на фотографии од неасфалтиран, кривулест планински пат, каде што камиони или автомобили едвај поминуваат и каде што еден погрешен чекор значи паѓање во бездна. И покрај тоа, овој пат е многу популарен меѓу авантуристите.

Извор: punkufer.dnevnik.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот