X
 28.10.2016 Живот

Мирот не е отсуство на проблеми, туку присуство на љубов

Често паѓаме во стапицата на голо преживување и наоѓаме оправдувања за тоа зошто вистински не живееме. Животот ни отвора многу можности за остварување на нашите соништа и се вели дека всушност, ни нуди неколку можности колку што ние сакаме. Како што растеме и старееме, често жалиме за тие пропуштени можности.

Во животот е потребно да верувате во себе, да ризикувате, да ја губите и наоѓате среќата, да учите од искуствата, да ги цените спомените и да сознаете дека секој чекор е важен. Но, потребно е да се биде подготвен да се направи чекор. Дајте си себеси шанса!

Еве неколку можности во животот кои дефинитивно не смеете да ги пропуштите:

Верувајте и на вашата интуиција


Животот е премногу краток за да чекате. Секој ден е нова можност да го промените својот живот. Секое големо достигнување започнува со одлуката да се иницира. Верувајте му на оној мал внатрешен глас кој вели: „Што би било, кога јас...“ и потоа направете го тоа. Дајте си себеси фер шанса. Ќе бидете изненадени од тоа колку пати тоа „Што ќе се случи ако јас  ..." успева. И не сте обврзани секогаш да успевате. Но сте обврзани да продолжите да се обидувате. Давајте се од себе секој ден и секој ден ќе биде подобар од вчера.

Верувајте во своите способности

Во себе имате се што ви е потребно, за да станете најдобра верзија од себе. Верувајте дека можете. Верувајте дека сте во можност да одите уште подалеку и вложете уште повеќе енергија. Верувајте дека сте доволно млади, доволно стари, доволно паметни и доволно силни за да ги постигнете своите цели. Не дозволувајте предрасудите да ве запрат во надминувањето на себеси. И секако не дозволувајте да се оддалечите од луѓето кои се такви.

Гледајте му на стравот во очи

Често е тешко да израснете во најдобра верзија од себе, но трагедија е да дозволите стравот да ве запре. Веднаш прифатете дека стравот не постои никаде, освен во вашата глава. Бидете храбри. Следете ги вашите соништа и цели. Не дозволувајте стравот да ви ја украде сегашноста и да одлучува за вашата иднина. Храброста не е отсуство на страв, туку сознанието дека нешто друго е поважно од вашата цел.

Направете чекор напред уште денес

Еден ден животот и ова ваше тело ќе престане. Прашањето е: „Дали одлучивте да живеете токму сега?“ Земете момент и размислете за тоа. Животот не започнува кога вам ви се поклопуваат сите ваши барања. Ова е ваше време. Животот се случува токму во сегашниот момент. Направете нешто околу тоа. Не трошете го вашиот живот чекајќи.

Ставите ги вашите цели како приоритет

Ако сакате да живеете среќен и исполнет живот, врзете се за значајни цели, немојте да бидете врзани само со луѓето и работите. Никогаш не се откажувајте од нешто што за вас е многу важно. Не затоа што имате утре да се обидете повторно, но бидејќи затоа што можеби не би имале утре. Овој живот е често пократок отколку што мислиме дека е. Нека денес ви биде важен ден, не дозволувајте само да ви помине денот туку така. Направете само еден мал чекор секој ден. Секој ден задајте си една мала цел.

Работете понапорно, дури и кога ви е тешко

Личен раст во сите аспекти на животот е бавен и постојан процес. Не може да се забрза. Неопходно е на него да работите  постепено секој ден. Имате доволно време да бидете она што сакате да бидете во животот. Немојте да се помирувате со помалку отколку што мислите дека можете. И покрај битките со кои неизбежно ќе се соочите на патот, никогаш не се откажувајте од себеси. Вие сте похрабри отколку што верувате, посилни отколку што ви се чини, попаметни отколку што мислите и двапати поспособни отколку што некогаш сте замислиле. Само продолжете напред

Одржувајте ги вашите стандарди

Застрашувачки е да се преправате дека вашите цели се второстепени. Да се преправате дека љубовта и почитта не се потребни, иако знаете дека се. Се лажете себе говорејќи си дека сето тоа е во ред, кога не е. Или се убедувате себеси дека ви се допаѓа вашата работа, кога знаете проклето добро дека сте способни за многу подобра работа. Заклучок: сакајте се доволно, за никогаш да не ги намалувате своите стандарди за погрешни причини.

Бидете упорни по одбивање или неуспех
 
Кога нешто не функционира добро, тоа често значи дека се пренасочувате кон нешто подобро. Бидете трпеливи. Бидете позитивни. И запомнете, без разлика колку многу грешки ќе направите или колку бавно напредувате, вие сте  понапред од оние кои не се обидуваат.

Прифатете сопственост над вашата ситуација

Дури и кога работите се одвиваат лошо, бидете сопственик на таа ситуација! Ако се борите со работа што не ми се допаѓа, гледајте на тоа на овој начин: Вие избирате да работите на тој начин за да ја платите вашата хипотека, да го одржувате вашето семејство и да ги оживеете своите соништа. Не се спротивставувајте, бидете сопственик, тука се наоѓа вашата сила. Ако сте во врска која предизвикува болка, можете да изберете дали да бидете во неа или не. Можеби тоа ќе доведе до значителен пораст или подлабоко разбирање на љубовта, или можеби не. Но, вие сте оние кои избирате да бидете во таква врска или надвор од неа, во моментов. Без оглед што и да одберете, бидете сопственик на своите избори, тоа е местото каде што се наоѓа вашата сила.

Без оглед на се, изберете да се смеете

Не дозволувајте еден лош момент да ви го упропасти денот. Мислете на тоа како на лоша минута, а не лош ден и ќе биде се во ред. Стресот започнува кога вашата листа на грижи е поголема од вашата листа на благодарност. Среќата започнува кога вашата листа на благодарност е подолга од листата на грижи. Најдете нешто за што сте благодарни денес. Ценете го она што го имате. Бидете благодарни за малите нешта во животот, нешта што значат многу.

Бидете искрено љубезни спрема сите

Љубезноста во зборовите создава самодоверба и мотивација. Љубезноста во размислувањето создава позитивност и можност. Љубезноста во давањето создава сила и љубов. Преку љубезност ќе имате способност да направите големи промени во сечиј живот, до кој ќе допрете, вклучувајќи го и вашиот. Кога водите некој кој е изгубен и збунет, кога држите некој кој е тажен или плаче, кога прегрнувате некој кој ја изгубил сета надеж, вие, исто така, ќе чувствувате исцеление и сила. Затоа  пружете мала добрина секогаш кога можете, затоа што таквите мали работи, го менуваат светот.

Помагајте им на другите да го подобрат својот живот

Вашето влијание е секогаш помоќно од вас Ништо не трае толку долго како сеќавањето. На крајот, само нематеријални нешта, верувања и чувствата се оние кои траат. Камен пука, дрвото скапува, кожата умира. Но големите мисли, вашите искуства и инспиративни приказни живеат вечно. Ако може да го промените начинот на кој луѓето размислуваат и чувствуваат, начинот на кој тие се гледаат себеси и начинот на кој тие го интерпретираат светот, тоа значи дека може да го промените начинот на кој тие го живеат својот живот и како тие влијаат на другите. Ова е најтрајното нешто што можете да го направите.

Живејте чесно и со интегритет

Интегритетот значи да го изберите своето делување врз основа на морални вредности, а не поради лична корист. Тоа значи да се живее чесно. Неопходно е да ја направите вистинската работа, без разлика на се, дури и кога никој нема да знае дали вие сте го направиле тоа или не. На крајот на денот, вашиот углед е она што другите луѓе ќе го знаат за вас. Вашата чест е она што вие го знаете за себе.

Бидете чудни на свој начин


Сите ние сме чудни. Животот е чуден. Кога ќе наидеме на таква чудна посебност во еден свет кој не тера да работиме напорно, тоа ние го нарекуваме страст. Кога ќе најдеме некоја цел со чудна необичност компатибилна со нас, ние го нарекуваме тоа љубов. А ако го оддалечиме погледот доволно далеку, па да можеме да видиме како сите чудни луѓе во светот си ја вршат својата работа, ќе сфатиме дека да се биде чуден и не е толку чудно. Тоа е природата на човекот.

Отворени за љубов

Најголемата ваша задача не е да се пронајде љубов, туку да ги откриете и отстраните сите пречки за себеси кои сте ги изградиле против неа. Дури и кога се плашете, имајте доверба, држете го своето срце и умот ширум отворени. Мирот не е отсуство на проблеми, туку присуство на љубов. Кога го пронаоѓате доброто што постои во другите и во ситуациите, ќе ја откриете љубовта која постои во вас.

Затворете ја вратата на старите приказни

Држењето до она што повеќе не постои, за многу од нас значи спречување во нашиот личен развој. Некои од нас го поминуваат поголемиот дел од својот живот, раскажувајќи го минатото и дозволувајќи му да влијае на сегашноста. Немојте да го трошите времето обидувајќи се да живеете во друго време и простор. Опуштете се. Неопходно е да го прифатите крајот на нешто, за да почнете да изградите нешто ново. Затоа, затворете некои стари врати уште денес. Не поради гордост, неспособност или егоизам, туку едноставно затоа што низ секоја од тие ситуации веќе сте поминале во минатото и поради знаењето дека тоа не доведува до ништо вредно.

Одвојте време за едноставно да бидете таму каде што сте во сегашниот момент

Секогаш ќе има нешто што ќе ви недостасува. Вие едноставно не можете да имате се. Некогаш може да ви изгледа, дека нешто прекрасно се случува на друго место. Оставете го тоа и сфатете дека имате се во моментот. Најдоброто во животот не е таму на друго место, туку овде, каде што сте во овој момент. Неопходно е прифатите дека некои работи никогаш нема да бидат ваши и да научите да ги цените оние нешта што се само ваши.

Вистински живејте

Смејте се често и сакајте многу. Почитувајте се едни со други, а помалку судете се. Освојте ја љубовта и искрените насмевки на децата. Заслужете го вниманието на чесните колеги и издржете го предавство на лажните пријатели. Ценете ја убавината што ве опкружува секогаш и секаде. Најдете добро во луѓето и ситуациите. Дајте се што можете за да го направите светот малку подобар, од она во кој сте го пронашле.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот