Би сакала да ве прашам за совет во врска со моето дете кое има 6 години. Во последно време имаме доста проблеми со неговото однесување, како дома така и во училиште. Во училиште често не ги почитува правилата и инструкциите од учителката, не слуша кога ќе му се каже нешто и речиси секој ден се задева или влегува во конфликт со соучениците.
И дома имаме слична ситуација. Кога ќе му кажеме нешто или ќе побараме да направи нешто, многу ретко реагира веднаш. Најчесто мора да му повториме по 10 пати, а понекогаш и тогаш не послушува, сè додека не станеме построги или не му се заканиме со казна. Свесен е дека за одредено однесување ќе биде искаран дома, но и покрај тоа повторно го прави истото. Имаме чувство дека во моментот кога ќе му кажеме нешто, едноставно не сака да послуша, иако знае дека тоа што го прави не е во ред. Дополнително, сè уште имаме проблем со мокрење во гаќи. Во училиште преку ден нема такви проблеми, но дома понекогаш се измочува во гаќи, а особено често тоа се случува навечер додека спие. Би сакала да ве прашам на што би можело да се должи ваквото однесување на оваа возраст и како правилно да постапиме.
Дали би било добро да направиме и разговор/процена со детски психолог за да се утврди што точно стои зад ваквото однесување?
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк