Како што се приближува новата година, многу луѓе ќе ја преиспитуваат рамнотежата помеѓу работата и животот и ќе бараат работа што ќе им обезбеди финансиска сигурност и мир.
Неодамна, веб-страницата „Резјум џиниус“ ја објави својата листа со најплатени работни места кои исто така пријавиле ниски нивоа на стрес. Нивното истражување ги опишува работните места со низок стрес кои немаат многу барања, имаат предвидливи работни саати, имаат опкружување кое нуди поддршка.
Во некои случаи, овие работни места овозможуваат и повеќе далечински опции. Овие работни места не само што се сметаат за помалку стресни, туку и нудат одлични плати.
- Упатувајќи се кон 2025 година, се дава приоритет на менталното здравје на работното место, што е од суштинско значење за оние што бараат кариера без стрес. Нашиот извештај за високоплатени работни места со низок стрес покажува дека не мора да жртвувате конкурентна плата за да постигнете поздрава рамнотежа помеѓу работата и животот - вели Ева Чан, експерт за кариера во „Ресјум џиниус“.
Сите работни места на листата бараат лицата да имаат факултетска диплома.
Во продолжение е листата со работни места рангирани по плата
Специјалисти за извори на вода - оваа професија нуди просечна годишна плата од 157.740 долари. Условот е да имате диплома.
Астрономи - астрономите имаат просечна годишна плата од 149.530 долари. Потребното образование е докторат или додипломски студии.
Економист за животна средина - економистите за животна средина имаат просечна годишна плата од 115.730 долари. Обично е потребна магистерска диплома.
Математичари - математичарите имаат просечна годишна плата од 104.860 долари. Потребно образование е обично магистерска диплома.
Аналитичари на компјутерски системи - аналитичарите на компјутерските системи имаат просечна годишна плата од 103.800 долари. Потребни се завршени додипломски студии.
Инженери за горивни ќелии - инженерите земаат просечна годишна плата од 99.510 долари. Условот за образование е додипломски студии.
Научници и технолози за далечинско набљудување - научниците и технолозите за далечинско набљудување имаат просечна годишна плата од 92.580 долари. Условот за образование се завршени додипломски студии.
Географи - географите имаат просечна годишна плата од 90.880 долари. Географите ја проучуваат Земјата и нејзините карактеристики и жителите.
Планери за транспорт - планерите за транспорт имаат просечна годишна плата од 81.800 долари. Условот за образование обично се магистерски студии.
Извор:
Independent.co.uk
Фото: Freepik