X
 07.12.2022 Живот

Човек се жали затоа што добива 128.000 долари плата годишно за да не прави ништо: „Само седам и читам весници!“

Ирски финансиски менаџер за национална железничка мрежа тврди дека добива речиси 130.000 долари годишно за да седи и да чита весници по цел ден.

Да се биде платен да не правиш ништо звучи како нешто на кое повеќето луѓе не би се жалеле, но за Дермот Алсастер Милс тоа е дискриминација. Незадоволниот работник тврди дека откако станал кодош во компанијата во 2014 година, постепено бил ослободен од речиси сите должности, до тој степен што сега најголемиот дел од деновите ги поминува јадејќи сендвичи и читајќи весници.

И покрај сето ова, тој сепак секој месец ја добива својата редовна плата.

- Купувам весници и сендвич. Влегувам во мојата канцеларија, го вклучувам компјутерот и ја проверувам е-поштата. Нема пошта поврзана со работата, нема пораки, нема комуникација со колегите - вели Милс.

- Седам и читам весник и си го јадам сендвичот. Потоа, околу 10:30 часот, ако има е-пошта што бара одговор, одговарам. Ако е поврзана со работата, јас ја завршувам. Би бил воодушевен да работам нешто барем еднаш во неделата - додава тој.

Овој финансиски менаџер бил унапреден во 2010 година, но неговата кариера почнала да се распаѓа во 2013 година кога наводно бил принуден да земе тримесечно боледување.

Милс тврди дека кога се вратил на старото работно место, каде што управувал со портфолио за долгови во вредност од 8 милиони евра, забележал „одредени проблеми со должниците“, па испратил извештај „со добра волја“ до главниот извршен директор на ирските железници во март 2014 година, а потоа и до министерот за транспорт. Оттогаш неговите обврски во компанијата се намалени, поточно укинати.

Извор: Independent.ie
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот