X
 28.04.2018 Забава

Земји на кои им фали нешто

Во светот има околу 200 земји. Често слушаме за некои обичаи, чуда на природата и што ли уште не. Но, колку знаете за она што им недостасува на земјите? Еве што немаат некои од нив:

Нема армија

Во светот постојано има некоја војна и има борби, инвазии и секојдневно се губат животи. Секако, една од главните должности на владите е да обезбедат соодветна заштита за нивните граѓани. Имањето војска е неоспорено нешто и многу пари се одземаат од конструктивни проекти и се користат за деструктивни средства. Некои би рекле дека ова е неопходно зло. Костарика е единствената земја која му пркоси на трендот. Нема армија уште од 1948 година. Тогашниот претседател Хозе Фигуерес Ферер ја укина војската и парите ги насочи кон подобрување на земјата. Костарика е една од над 20 земји без официјални воени сили.

kostarika
Фото: Freepik

Нема илегална дрога

Португалија ја декриминализираше употребата на сите дроги во 2001 година. Да, на сите дроги. Дури и хероин и кокаин. Португалија реши на поинаков начин да му пријде на користењето дрога, третирајќи го како проблем за јавното здравје, наместо како криминал. Откако го направи тоа, Португалија е меѓу земјите со најмал процент на починати од предозираност споредено со останатиот дел од Европа.

Нема влада

Во 2011 година Белгија го сруши рекордот и стана земјата која најдолг период била без влада. Вкупно 589 дена Белгија немаше влада. Политиката во оваа земја е многу децентрализирана, па немањето влада не претставуваше некој проблем за функционалноста. Административците си одеа на работа, а на улиците немаше протести.

Западна Сахара е земја која е лоцирана јужно од Мароко и се граничи со Алжир и со Мавританија. Оваа земја е спорна територија веќе неколку децении и над неа право полагаат и Мароко и движењето Полисарио. Бидејќи не е постигнат договор и покрај напорите на Обединетите Нации, изгледа дека земјата уште долго ќе остане без стабилна влада.

belgija
Фото: Freepik

Нема имиња на поштенските марки

Има само една земја во светот која не мора да го става името на земјата на поштенските марки, дри и кога тие се користат за испраќање во странство. Ако сте колекционер на печати, веројатно веќе го знаете овој необичен факт.

Во 1840 година Велика Британија стана првата земја која почна да користи поштенски марки. Тоа стана многу популарно и реши еден од најголемите проблеми во поштата - доказот за плаќање. Во 1874 година, Универзалната поштенска унија ѝ дозволи на Британија да биде единствената земја во светот која не мора да го пишува името на марките и ова трае до ден денес.

Нема надворешен долг

Брунеј е мала земја лоцирана на островот Борнео во југоисточна Азија. Оваа земја не должи никому ништо. Ниту цент. Како успеале? Два збора: гас и нафта. Тие се главните виновници за богатството на земјата.

Нема химна

Разните спортски настани се шанса за натпреварувачите да застанат зад нивните земји, да ги развеат нивните знамиња и да ја испеат нивната химна. Химната на Грција има 158 строфи и е најдолгата химна на светот. За среќа, често е доволно да се отпеат само првите две строфи.

Можеби претпоставувате дека една химна е за една земја, но грчката химна исто така е химна и на Кипар, каде таа се пее од 1966 година.

Нема зборови


Иако Кипар присвоил туѓа химна, таа барем има зборови. Химната на Шпанија нема зборови. Барем од 1978 година. Претходно химната имала зборови, но тие биле оценети како премногу фашистички. Имаше неколку обиди за решавање на химната без зборови, но немаше никаков резултат.

Нема трева

И покрај името, Гренланд не е многу зелена земја. Таму нема ниедно игралиште со трева, а временските услови го прават тоа да биде невозможна аспирација.

Нема комарци

komarci
Фото: Freepik

Ајкулите убиваат по околу 10 лица годишно, додека комарците преку пренесување на разни болести, убиваат околу 725.000 луѓе. Нив ги има во речиси секоја земја. Па дали е можно да се избегнат? Да, ако се преселите во Исланд.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава