X
 28.08.2022 Наука

Истражувачи откриле материјал што може да „помни“ до три часа

Истражувачи од Федералната политехничка школа во Лозана откриле дека ванадиум оксидот е способен за „помнење“ претходни стимули. Ова е прв откриен материјал што ја има оваа способност.

Според истражувачите, ванадиум оксидот е во изолациона фаза кога е на собна температура и се враќа во таа фаза по надворешни стимули. Во експеримент, истражувачите пуштиле електрична струја на примерок од материјалот.

Струјата се движела низ материјалот, следејќи пат пред да излезе на другата страна. Откако струјата поминала, материјалот се враќал во оригиналната состојба, но по второто поминување на струјата, материјалот покажувал знаци на „предвидување“ на движењето од претходниот пат.

- Не го очекувавме овој вид ефект на помнење и тој нема никаква врска со електричните состојби, туку физичката структура на материјалот. Ова е ново откритие, ниту еден материјал не се однесува вака - објаснил професорот Елисон Матиоли.

Истражувачите заклучиле дека ванадиум оксидот е способен за помнење на последните надворешни стимули до 3 часа потоа.

- Ефектот на помнење би можел да трае повеќе денови, но моментално ги немаме инструментите за да го измериме тоа - додал Матиоли.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука