X
 28.09.2021 Забава

'Рчко тргува со криптовалути и заработува пари

Верувале или не, дури и 'рчковците тргуваат со криптовалути. Меѓутоа, не станува збор за глодач со суперинтелигенција, туку за 'рчко кој му помага на сопственикот.

'Рчкото познат како Господин Гокс тргува со криптовалути од 12 јуни годинава и постигнува импресивни резултати. Тој остварил профит од 24 отсто од тргување со биткоини.

Тоа функционира на тој начин што 'рчкото влегува во кутијата која означува криптовалута, а потоа поминува низ тунел за купување или тунел за продажба. На списокот со валути со кои тргува 'рчкото се и трон, рипл, кардано и етериум.

До минатиот петок Господин Гокс направил профит од 77 евра.


Извор: DDL
Фото: YouTube/Printscreen
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава