X
 29.05.2025 Живот

Трите главни работи за кои се жалат луѓето

Голем број од луѓето веројатно не ни сфаќаат колку се жалат. Но, сите можеме да одвоиме момент и да размислиме за нашиот последен разговор.

Шансите се големи дека тој разговор вклучува барем едно критикување - за некој нељубезен странец, бавната интернет-конекција или исцрпувачкиот работен ден. Додека проветрувањето може да влијае катарзично врз нас, хроничното жалење може да нѐ зароби во негативност, предизвикувајќи да сме постојано под стрес и помалку задоволни од животот.

Па, на што најмногу се жалат луѓето?

- Однесувањето на другите луѓе: без разлика дали се работи за невнимателни соработници, членови на семејството или непријатните навики на партнерот, многу поплаки произлегуваат од чувството на непочитување или фрустрираност од постапките на другите.
-Дневни животни непријатности: сообраќаен метеж, долги редици, лоша услуга за клиенти, неочекувани трошоци и технолошки грешки, може брзо да го нарушат расположението.
-Лични стресори (работа, пари и здравје): финансиските грижи, работните притисоци и здравствените грижи се значајни извори на поплаки.

Како да се жалите помалку (и да се чувствувате подобро)

Ако сакате да се ослободите од циклусот на жалење (или да им помогнете на другите да го направат истото), еве три докажани стратегии:

- Реконструирајте ја ситуацијата: наместо да се задржувате на фрустрацијата, трудете се да согледате што можете да научите или контролирате. Запрашајте се: Дали има нешто позитивно во тој и тој случај? Може ли да му пристапам на ова поинаку?
- Преземете акција или прифатете: ако нешто ве мачи, прашајте: Може ли да го поправам ова? Ако одговорот е „да“, преземете чекори за да ја промените ситуацијата. Ако не, вежбајте прифаќање и одете напред.
- Вежбајте благодарност: фокусирањето на она што функционира добро помага да го пренасочите вашиот мозок да ги забележи позитивните пред негативните сегменти. Обидете се да водите дневник за благодарност или едноставно да застанете за да размислите: Која е едната работа што ја ценам во моментов?

Да се жалите е нормално, но преголемото жалење може да ја исцрпи вашата енергија. Со менување на вашата перспектива, преземање акција и практикување благодарност, можете да го вратите вашиот начин на размислување и да доживеете поголем мир - без разлика што ви носи животот.

Извор: psychologytoday.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот