X
 03.06.2025 Наука

Луѓето се воодушевени од „лудата“ фотографија од Уран направена од телескопот „Џејмс Веб“ на НАСА

НАСА успеа да направи голем број неверојатни фотографии од вселената покажувајќи колку е прекрасна.
 
Тие фотографии имаат специфичен начин да нѐ привлечат и би можеле да ги гледаме со часови. Имено, еден корисник на социјалните мрежи повторно сподели две неверојатни фотографии од Уран направени од НАСА. 

Американската агенција го лансира својот вселенски телескоп „Џејмс Веб“ на 25 декември 2021 година, и тој ни даде сосема нова перспектива за нашата галаксија. Овие фотографии од Уран од септември 2023 година докажаа дека многумина од нас не знаат како всушност изгледа планетата...

Сликата ја прикажува светлосината планета наспроти црнилото на вселената, меѓу неколку далечни галаксии во заднина. Видливи се околу 14 од нејзините 28 месечини, додека самиот Уран сјае благодарение на своите 13 надворешни прстени.

Втората фотографија, крупна перспектива на планетата - која е четири пати поширока од Земјата - ги прикажува нејзините бледи внатрешни и надворешни прстени со поголема јасност, вклучувајќи го и неостварливиот прстен „Зета“ - „екстремно слабиот и дифузен прстен најблиску до планетата“, како што објаснува НАСА.

Навистина е зачудувачки - и корисниците на „Редит“ се согласуваат.

Close up of the Uranus, captured by James W
byu/PrinceofUranus0 inspaceporn
 

Извор: unilad.com

Фото: Reddit

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука