X
 30.04.2017 Живот

Совети за мајките: Како своите синови да ги воспитаат како отворени мажи?

Научниците со години сметаа дека е многу потребно родителите, посебно татковците, да бидат пример на машкост и тоа да го всадат и кај своите синови. Меѓутоа, искуството на психологот Пеги Дрекслер зборува нешто друго.

Врз основа на својата работа со адолесценти, дава неколку насоки како да се воспита и израсне отворен маж кој е сигурен во себе и кој не се плаши од критики. Нејизните зборови се упатени до мајките, бидејќи смета дека во воспитувањето на момчињата мајките имаат многу поголема улога отколку татковците.

1. Помирете се дека момчињата секогаш ќе бидат момчиња

Многу мајки се обидуваат да ги заштитат своите синови од негативните влијанија па им забрануваат одредени работи. Но, желбата за авантура и истражување на нешто ново кога тогаш кај момчињата ќе дојде до израз.

2. Почитувајте ја нивната индивидуалност

Да се биде момче не значи дека по дефиниција сите момчиња ќе се интересираат за истите работи. Не инсистирајте вашиот син да ги прифати сите стандарди родови улоги. Да се биде мажествен не значи дека момците не треба да имаат интерес и за општо прифатените „женски активности“, како што е готвење или друго.

3. Немојте да паднете на родово заснованите очекувања

Како општество, на Балканот сме повеќето упорни во делењето на машкиот и женскиот род на начин на кој им припишуваме различни, но многу одредени особини и родови улоги. Тоа не е природно и многу научници сметаат дека поттикнува депресија и развој на агресија кај момчињата.

4. Помогнете му конструктивно да се носи со критики и предрасуди

Учете го својот син како да ја изрази својата личност.

5. Поттикнете ги различните интереси

Родителите би требало да ги охрабруваат своите деца, да пробаат повеќе различни активности бидејќи тоа ќе им отвори нови видици во животот. На тој начин, ќе добијат увид за многу животни можности и поглед на светот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот