X
 30.10.2026 Живот

Нова учебна година, нови зелени приказни: dm засади 264 садници во градинка и училиште во Битола

Со засадување вкупно 264 садници во две воспитно-образовни установи во Битола, компанијата dm drogerie markt ја започна новата сезона на еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“. Во соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД), компанијата реализираше нови акции за раззеленување на дворовите на градинката „Вангел Мајорот“ и основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“, продолжувајќи ја иницијативата што опфаќа градинки и училишта низ земјата.



Со почетокот на новата учебна година, двете установи во Битола добија нови зелени површини што ќе го збогатат просторот во кој децата секојдневно престојуваат, учат и играат. Активностите се дел од настојувањето на dm и МЕД да придонесат за поуредени и попријатни дворови, но и да ја доближат важноста на грижата за природата до најмладите. На тој начин, засадувањето дрвја добива и едукативна димензија, поттикнувајќи одговорен однос кон животната средина уште од најрана возраст.



Новите садења се надоврзуваат на досегашните резултати на проектот. Во октомври и ноември 2025 година, во рамки на првата фаза беа раззеленети четири училишни двора со повеќе од 500 садници. Активностите продолжија и во првите месеци од 2026 година, кога беа засадени повеќе од 380 садници во воспитно-образовни установи во Банско, Тетово, Куманово, Гевгелија, Охрид и Велес. Со новите 264 садници во Битола, иницијативата го проширува својот опфат и во новата учебна година.



Преку „Зелена иднина: од градинка до училиште“, dm и МЕД продолжуваат да вложуваат во создавање позелена средина за најмладите, со идеја секое новозасадено дрво да биде придонес за просторот во кој растат идните генерации. Новите акции во Битола се уште еден пример како со конкретни активности може да се придонесе за заедницата и истовремено да се поттикне еколошката свест кај децата и младите.



(Комерцијална објава)
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот