Секој маж има своја приказна за здравјето. Некои се соочуваат со мали предизвици што можеби се лесни за игнорирање, додека други се соочуваат со здравствени ситуации кои го менуваат текот на целиот нивен живот...
Никола, Кристијан и Александар јавно и храбро ги споделија личните приказни за здравствените проблеми со кои се соочиле, приказни за истрајност и верба во сопствената сила. Oд моментот кога ги забележале првите симптоми, преку стравот, неизвесноста и двоумењето, до чекорите што ги презеле за да се справат и здравствените поуки што ги научиле.
Нивното искуство е потсетник дека патот кон закрепнувањето започнува со цврстата одлука да преземат контрола над сопственото здравје и да бидат херои во сопствената приказна.
• Никола Поповиќ-Ниџо: Одете на редовни прегледи и чувајте си го здравјето!
• Кристијан Станковски- Бомбакис: Едно знам, животот нема реприза!
• Александар Динев: Машкото здравје не смее да биде табу!
Како општествено одговорна компанија силно посветена на заедницата, dm drogerie markt во месецот за подигнување на свеста за машкото здравје спроведува низа активности со цел да ги охрабри мажите да се грижат повеќе за себе и за своето здравје. За време на велосипедската маршрута Пуштам БРК, БРКам здравје! dm drogerie markt донира 200 ваучери за реализирање на два типа машки медицински прегледи во соработка со приватната болница Д.мед Медикал.
Преку подигнување на свеста за важноста на редовните лекарски прегледи, dm потсетува дека превентивните контроли не само што можат да спасат животи, туку и значително го подобруваат квалитетот на секојдневниот живот.
(Комерцијална објава)