X
 05.05.2021 Култура

Најдобрите филмови од секоја земја според оцените на Ај-ем-ди-би

Доколку гледате само холивудски филмови, се ограничувате. Многу земји имаат филмови што треба да се гледаат, а на интернет има мапа која може да ви помогне да почнете да ја истражувате светската кинематографија.

Мапата била создадена од веб-страницата „Рејв ривјус“, а на неа се наоѓаат најдобрите филмови од секоја земја според оцените на Ај-ем-ди-би. Според мапата, најдобро оценет американски филм е „Бегство од Шошенк“, со оцена од 9,3 од можни 10. Овој филм е најдобро оценет филм и на глобално ниво.

Монголскиот филм „Адмирал“ има повисока оценка од 9,8, но не се наоѓа на врвот на листата поради помалиот број на гласачи.

Најдобро оценет филм од Франција е „Недопирливи“, а од Јужна Кореја - „Паразит“. Најдобро оценет македонски филм е „Преку езерото“ со оцена од 8,5.

Мапата може да ја видите овде.

Автор: Мишел Дебчак
Извор: mentalfloss.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура