X
 08.10.2023 Образование

Универзитет нуди магистерска програма за магија и окултизам

Доколку сакате да собирате кристали и да читате книги за вештерки, треба да знаете дека во Обединетото Кралство се нуди магистерска програма за магија и окултизам.

Универзитетот во Егзетер сака да го зголеми интересот за предметите во програмата кои се поврзани со историјата и влијанието на вештерството и магијата низ светот.

Студиите започнуваат во септември 2024 и ќе има предмети како историја, книжевност, филозофија, археологија, социологија, психологија, драма и религија, кои ќе ја покажат улогата на магијата на Западот и Истокот.

- Неодамнешниот пораст на интересот за магијата и окултното произлегува од најитните прашања на нашето општество. Деколонизацијата, истражувањето на алтернативни епистемологии, феминизмот и антирасизмот се во сржта на оваа програма - вели професорката Емили Селав, која ја води програмата.

Таа вели дека денешните трендови се спротивни на поранешната тенденција да се отфрли истражувањето на магијата и окултизмот бидејќи повеќе не се битни за луѓето. Таа додава дека програмата треба да ја преиспита претпоставката дека Западот е место за рационалност и наука, додека остатокот од светот е место за магија и суеверија.

Извор: The guardian
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование