X
 13.03.2019 Живот

Како да разликувате образован човек од гениј?

- Секоја будала може нешто да знае, но целта е да разбере - рекол големиот Алберт Ајнштајн.

Луѓето во денешно време често го мешаат образованието со интелигенцијата и затоа е важно да се прави разлика.

Фактот дека некој завршил факултет или прочитал стотици книги не значи дека е интелигентен и дека може да се снајде во тешка ситуација.

Постои разлика помеѓу знаењето и разбирањето

Едно е да се научи напамет, да речеме, хемиска формула и по тој пат да се дојде до одредена реакција, а сосема е друго да се разбере што навистина се случило. Препознавањето на одредени работи главно е површно и поврзано со набљудувањето и помнењето. Но, разбирањето е нешто подлабоко - природната љубопитност што настојува да ја објасни причината.

Интелигенцијата ги поттикнала големите умови да дојдат до генијални откритија. Тие ги следеле трагите, биле љубопитни, размислувале, поврзувале и истражувале нови можности што се сметале за невозможни.

Широкиот контекст е одраз на интелигенцијата


Изолираното размислување за одредени факти е бескорисно трошење на време. Но, поврзувањето на тие факти за да се создаде поголема слика е интелигенција. Луѓето со висока интелигенција доживуваат одреден детаљ како дел од големата сложувалка, па повторно бараат втор, трет дел, додека не ја добијат целосната слика.

Тие го разбираат односот помеѓу некои работи, тоа е она што се обидуваат да го сфатат, таа поврзаност.

Луѓето на кои интелигенцијата не им е силна страна, но се oбразовани и начитани имаат навика да не се грижат претерано за работите што се надвор од нивното потесно поле на размислување.

Важно е да ѝ се стави крај на бесмислената дискусија


Многу луѓе се во состојба квалитетно да се расправаат и да ги бранат своите ставови, но тоа некогаш води до расправија и негативна енергија.

Затоа е важно да знаете да молчите, да попуштите и да разрешите некоја ситуација со своја волја. Луѓето што имаат пониско ниво на интелигенција, а се доста образовани, имаат многу високо мислење за себе и кога се расправаат, имаат силна потреба да докажуваат дека се во право.

Не размислуваат дека од секој може нешто да се научи, без оглед на тоа дали е некој образован, начитан или не. Тие не можат да сфатат дека човек може да биде доста интелигентен, да знае сè и сешто иако можеби никогаш не одел на училиште.

Треба да знаете како нешто влијае врз некого

Интелигентниот човек е во состојба да предвиди како неговите постапки и зборови ќе влијаат врз другите луѓе. Тоа може да биде емпатија, но таа способност е одраз на интелигенцијата на поединецот и не може да се научи од книгите. Станува збор за способност на поистоветување со некого. Потоа се донесуваат одлуки што се најдобри во одредена ситуација. Луѓето што ја немаат оваа способност не можат да сфатат зошто нивните зборови и постапки влијаат врз некого на одреден начин и предизвикуваат одредени реакции.

Интелигентните секогаш учат од другите

Интелигентните луѓе никогаш не се прават дека се најпаметни во светот.

- Најмудар сум затоа што знам дека ништо не знам - рекол Сократ.

Интелигентните поединци се свесни за своите граници и подготвени да признаат кога нешто не знаат, и ги слушаат другите луѓе за да научат нешто од нив.

Полнењето на главата со многу информации е карактеристика на луѓето што веруваат дека се доста интелигентни, а всушност се само добро образовани и начитани. Тешко им е да признаат кога не се во право. Тоа е затоа што се ограничени во начинот на размислување.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот