X
 13.08.2021 Образование

Американски факултет парично ќе ги казнува невакцинираните студенти

Колеџот „Веслијан“ во Западна Вирџинија, САД планира есенва да ги казнува невакцинираните студенти со глоби од 750 долари. Освен тоа, сите студенти кои ќе се заразат со ковид-19 ќе треба да платат 250 долари за карантин на кампусот доколку не можат да се изолираат на друго место.

За да одбегнат казна, студентите мора да имаат примено најмалку една вакцинска доза до 7 септември.

Студентите што немаат примено две дози на вакцини или воопшто не се вакцинирани ќе треба да носат маски во затворено и да одржуваат растојание во однос на другите студенти и професорите во сите затворени простории на кампусот. Невакцинираните студенти ќе мора и да прават тестови за ковид-19 секоја недела.


Фото: Pixabay

Според анкета спроведена од факултетот, 79 отсто од студентите се вакцинирани, а 15 отсто примиле барем една доза од вакцина против ковид-19 или сакаат да примат вакцина на кампусот кога ќе пристигнат.

Според претставници од факултетот, паричните казни треба да ги мотивираат студентите да се вакцинираат и ќе му помогнат на факултетот да покрие дел од трошоците за задолжително тестирање на студентите.

Извор: Insider
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование