02.02.2015
Образование
МОН со предлог за иницијална средба со професорите и студентите на 10-ти февруари
По однос на предлогот на Универзитетскиот сенат на
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, доставен до
Министерството за образование и наука на ден 30.1.2015 година,
со цел да се иницира расправа со наставниците, студентите и
сите релевантни чинители во процесот на високото образование,
заради сеопфатна, стручна и темелна анализа од која ќе произлезат
предлози за реформи и подобрувања во високото образование, би
сакале да Ве информираме за следното:
Имајќи во предвид дека предлогот од наша страна беше
оценет како конструктивен и во насока на унапредување на
високото образование во земјата, Министерството за образование
и наука на ден 10.2.2015 година (вторник) предлага да се одржи
иницијална средба на којашто би присуствувале соодветни
претставници, делегирани од страна на Универзитетот „Св. Кирил
и Методиј" - Скопје.
Во зависност од одлуката на УКИМ за прифаќање на оваа
иницијатива и согласно можностите на двете страни, локацијата и
временскиот термин ќе бидат дополнително прецизирани, за што
јавноста ќе биде навремено информирана.