X
 20.05.2015 Култура

Тајната на "Енигма" излегува на виделина

Ова е одлична понуда за сите оние кои ја сакаат историјата. Ретката машина „Енигма“ е дадена на аукција.


Легендарната машина која се користеше во Втората Светска војна како уред за испраќање на кодирани пораки, треба да биде на аукција на 30 мај.

Се очекува машината да стигне до 22.000 фунти и 37.000 фунти, а заедно со неа се продаваат и уште неколку возбудливи артефакти од историјата.

Друг уред кој е вреден да се спомене, а ќе се појави на аукцијата е Механичкиот аналоген компјутер (MAC), првиот комерцијален компјутер од овој вид. Создаден од англиската фирма „Air Trainers Link Ltd“ во 1958 година, компјутерот можеше да реши различни равенки со механички средства. Аукцијата исто така ги вклучува првите комерцијални германски грамофони и прекрасниот избор на автоматски француски музички остатоци од германската комапнија „Team Breker“.

Потенцијалните купувачи од целиот свет можат да учествуваат во онлајн аукцијата на 30 мај.


Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура