X
 02.11.2015 Образование

Британските ученици ќе учат биохемија преку Мајнкрафт

Милиони луѓе низ светот играат „Мајнкрафт“, а сега оваа игра би можела да им помогне да ги направат првите чекори во областа на биохемијата.

  

Студенти од Универзитетот во Хал работеле на свет во „Мајнкрафт“ наречен „Молкрафт“, кој има цел да им ги претстави на децата темите од областа на биохемијата, како структурите на протеините и хемиските состојки.

Светот веќе е достапен за бесплатно преземање. Проектот бил финансиран од Кралското општество за хемија во Велика Британија.

Во „Молкрафт“, секој може да ги истражува основните состојки на нано-честичките и да открива хемиски состојки кои со различни комбинации прават секакви структури со различни функции, а се битни за животот на Земјата.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование