X
 04.12.2015 Живот

Викенд временска прогноза... Какво време да очекуваме во наредниот период?


 
Во Македонија во утринските часови по котлините ќе има појава на магла, која понекаде ќе се задржи и во претпладневните часови. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од -4 до 5 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 7 односно до 16 степени.

Во Скопје во петок во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 1 степен, а максималната дневна до 12 степени.

Во Македонија во сабота,недела и понеделник ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Во утринските и вечерните часови ќе има појава на магла која видливоста ќе ја намали и до 50 метри. Дневните температури без поголеми осцилации и ќе се движат во интервал од 5 до 16 степени. Во вторник претежно сончево и топло со максимални температури од 7 до 16 степени.

Wearher4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот