X
 15.07.2021 Образование

Како приватниот сектор да го зголеми интересот за дипломираните, договараат УКИМ и ОРМ

Практикантска обука на студенти додека студираат, анализи за потребите од профили на кадри на пазарот на трудот, заеднички проекти и вклучување претставници на бизнис-заедницата во процесите на осовременување на студиските програми и креирање нови студиски програми во согласност со потребите на пазарот на трудот е дел од договорот меѓу Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и Организацијата на работодавци на Македонија.

Денес ректорот, проф. д-р Никола Јанкуловски, и претседателката на организацијата, д-р Владанка Трајкоска, потпишаа Меморандум за соработка за да се задоволат потребите од високостручен кадар во сите сегменти на приватниот и јавниот сектор.
Тие договориле и да се развиваат форми на доквалификација и преквалификација за потребите на бизнис-секторот, признавање на добиените крајни вредности од работилници, стручни семинари, конференции, трибини, форумски дебати и обуки, специјализиран тренинг и едукација во областите здравство, образование, право, финансии, банкарство, менаџмент, претприемаштво, ИТ, нови технологии и др.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование