X
 26.04.2016 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време да очекуваме во текот на оваа скратена работна недела?

Врнежите кои во текот на ноќта понеделник кон вторник но и во вторник во утринските часови постепено престануваат. Над 900 врнежите беа од снег. Во претпладне врнежите постепено намалување на облачноста, а попладне претежно сончево и ветровито. Ќе дува засилен северозападен и западен ветер кој ќе достигне брзина и до 50 км/ч. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од -2 до 8 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 7 односно до 18 степени.

Во Скопје во вторник претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне претежно сончево и потопло. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од 4 степени, а максималната дневна до 15 степени.

Во Македонија во среда студено утро со утрински температури кои ќе се движат од -3 до 7 степени. Во текот на денот претежно сончево и потопло со дневни температури до 13 односно до 23 степени. Сончево и потопло ќе биде во четврток кога максималните температури ќе достигнат до 14 односно до 24 степени. Во петок повторно дестабилизација на времето, па во петок и сабота ќе преовладува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд со благ пад на максималните температури кои ќе движат од 10 до 20 во петок односно од 13 до 23 степени во сабота.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот