X
 14.09.2017 Живот

Временска прогноза за наредните 5 (пет) дена

Денес е четврток, 14 септември 2017 година, 257-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:07, а ќе зајде во 18:49 часот. Денот ќе трае 12 часа и 42 минути.

Новото утро во Македонија ни носи ведро и свежо време со утрински температури кои што се во границите на просекот за овој период од годината.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија и денес по свежото утро и утрински температури кои што ќе се движат во интервал од 7 до 17 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со пораст на дневните температури кои ќе го надминат повеќегодишниот просек за овој период од годината и ќе се движат во интервал од 24 до 34 степени. Ќе дува доумерен јужен и југозападен ветер кој што ќе слабее и ќе биде со послаб интензитет.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес претежно сончево и топло време. Ќе дува доумерен слаб јужен ветер. Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна температура до 32 степени. УВ индекс 5.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - И во наредните денови Македонија ќе биде под влијание на Медитерански антициклон кој што ќе услови претежно сончево и се потопло време со пораст на дневните температури кои што ќе бидат високо над повеќегодишниот просек за овој период од годината. Во петок свежо утро со температури од 6 до 16 степени, а во текот на денот сончево и топло со температури од 24 до 34 степени. Сончев и топол летен викенд ни претстои, иако не е продолжен ќе имаме одлични временски услови. Во сабота и недела сончево и многу топло време за овој период од годината. Утринските температури од 7 до 17 односно од 9 до 19 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат од 26 до 36 односно од 28 до 38 степени. Во понеделник претежно сончево време со појава на локална облачност и пад на дневните температури кои што ќе се движат во границите од 24 до 34 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот