X
 04.09.2017 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време да очекуваме во наредните денови?

Денес е понеделник, 4 септември 2017 година, 247-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:56, а ќе зајде во 19:06 часот. Денот ќе трае 13 часа и 10 минути.

Денот го започнуваме со есенско утро, претежно сончево со појава на локална облачност во крајните северозападни и југозападни предели и невообичаено свежо за овој период од годината со утринските температури кои што се за некој степен под повеќегодишниот просек.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по свежото утро со утринските температури кои што ќе се движат во интервал од 5 до 15 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност, ветровито и посвежо време со осетен пад и на максималните температури кои што ќе достигнат до 15 односно до 27 степени. Во текот на денот ќе дува доумерен северен и северозападен ветер, а во понекаде во западните предели со западен ветер.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и свежо време. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 13 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 25 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во следните денови не очекува претежно стабилно време со локална облачност но и температури кои што ќе бидат под просекот за овој период од годината, особено свежо време се очекува во текот на ноќта и во утринските часови. Во вторник денот го започнуваме со свежо утро и температури од 4 до 13 степени, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо време со дневни температури од 15 до 27 степени. Во среда и четврток претежно сончево време со појава на локална облачност, утринските температури од 4 до 13 односно од 5 до 14 степени, додека пак максималните ќе бидат во пораст и ќе се движат од 17 до 29 односно од 19 до 31 степени. Во петок потопло утро со температури од 7 до 16 степени, а во текот на денот претежно сончево со локална облачност и потопло време со температури од 20 до 32 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот