X
 06.05.2016 Живот

Викенд временска прогноза... Од понеделник зголемување на температурите



Во Македонија во петок претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста и развој на нестабилност која ќе донесе услови за локални врнежи од дожд. Треба да напоменеме дека се работи за врнежи со слаб интензитет. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од 1 до 10 степени, додека пак максималните ќе достигнат до 13 односно до 24 степени.

Во Скопје во петок претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со услови за слаби врнежи од дожд. ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 8 степени, а максималната дневна до 20 степени.

Во Македонија нестабилното време ќе продолжи и во деновите од викендот. Па во сабота и недела претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне развој на нестабилност која ќе донесе врнежи од дожд. Максималните температури од 14 до 23 степени во сабота, односно од 16 до 24 степени во недела. Во понеделник умерено облачно со сончеви периоди, попладне во западните предели услови за слаб дожд, температурите од 18 до 26 степени. Во вторник претежно сончево со локална облачност и потопло, а максималните температури ќе достигнат до 20 односно до 28 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот