X
 16.09.2016 Живот

Викенд временска прогноза... Од понеделник дестабилизација на времето

Денес е петок, 16 септември 2016 година, 260-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:10, а ќе зајде во 18:44 часот. Денот ќе трае 12 часа и 25 минути.

И денеска нашата земја ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок кој што условува стабилно и топло време, а така е и во утринските часови, насекаде над Македонија е ведро и свежо.

МАКЕДОНИЈА – И денеска денот го започнуваме со свежо и ведро утро со утрински температури кои се движат од 7 до 16 степени. Во текот на денот ќе продолжи сончевото и топло време. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен. Максималните дневни температури ќе се движат од 22 до 33 степени. Воздушниот притисок ќе бележи тренд на пораст и ќе има вредност околу 1018 хектопаскали, додека пак ув индекост ќе има вредност 6.

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска ќе биде сончево и топло. Слаб јужен и југозападен ветер. Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна ќе достигне до 30 степени. УВ индекс 6.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во сабота умерено облачно време со сончеви периоди и топло. Попладне во северозападните, северните и североисточните предели со услови за слаби локални врнежи од дожд и температури од 22 до 33 степени. Во недела претежно сончево со локална облачност и топло време и непроменети максимални температури кои ќе се движат од 22 до 33 степени. Во понеделник и вторник дестабилизација на времето, ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и пад на температурите. Во понеделник максималните ќе се движат од 18 до 29 степени, а во вторник од 24 до 24 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот