X
 21.11.2016 Живот

Неделна временска прогноза

Денес е понеделник, 21 ноември 2016 година, 326-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:25, а ќе зајде во 16:13 часот. Денот ќе трае 09 часа и 48 минути.

Во поголем дел од Македонија ова утро имаме ведро време со температури кои се вообичаени за овој период од годината, додека по котлините особено долж Повардарието појава на погуста магла која може да биде сериозен проблем за возачите.

МАКЕДОНИЈА – Во утринските часови појава на магла која што долж Повардарието може да услови и намалена видливост помала од 50 метри. Оваа магла понекаде ќе се задржи и во раните претпладневни часови. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време. Слаб југоисточен ветер, а во западните предели слаб источен ветер. Утринските од -4 до 3 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 12 односно до 18 степени.

Во вечерните часови и во текот на ноќта повторно се очекува појава на магла.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови магловито време кое што ќе се задржи и во претпладневните часови. Попладне со сончеви периоди и топло време. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 1 степен, а максималната дневна ќе достигне до 15 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во вторник по магловитото утро, во текот на денот претежно сончево и топло време со дневни температури од 11 до 17 степени. Во среда и четврток во утринските часови појава на магла, која што понекаде ќе се задржи и претпладне, во текот на денот претежно сончево со температури од 9 до 15 степени во среда, односно од 8 до 14 степени во четврток. Во петок претежно сончево со локална облачност и максимални температури од 9 до 15 степени.

weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот