X
 01.12.2016 Живот

На 13 години ова дете имаше три настапи во најпознатата концертна сала во Њујорк

Пијанистот Срирам Нарајанан на 13 годишна возраст го оствари својот сон 3 пати да свири во Carnegie Hall, познатата концертна сала во Њујорк. Ова е постигнување и сон на многу луѓе, а особено ако зборување за тинејџер од 13 години кој се соочува и со многу други предизвици во животот.


Срирам Нарајанан


„Тој не чувствува нервоза, напротив ужива да настапува пред публиката и да ја споделува неговата радост. Едноставно ужива кога луѓето му аплаудираат“- вели неговата учителка по пијано, Татјана Дудоцкин.

Успехот на Срирам е сведоштво за моќта на трпението и охрабрувањето, особено за децата

Како дете на Срирам му било дијагностицирано APD (Аuditory processing disorder) нарушување и состојба со која живеат 5-7 проценти од децата денес. На луѓето со ова нарушување им претставува тешкотија да препознаат звуци во зборовите, да ја разберат пораката на другите, да помнат пораки кои се презентирани вербално и локализирање на звуци. 

Ова значи дека на луѓето кои живеат со „APD“ им е потребно повеќе време да ги откријат насоките, да ги завршат домашните задачи или да запомнат нова песна. Но како што сите учиме различно и луѓето со ова нарушување учат со трпение и разбирање од другите која игра голема улога во нивниот развој.

„Кога почнав да работам со него беше тешко. Но тој имаше огромна желба да ја научи музиката што јас ја свирев и беше многу страстен за тоа. Кога го охрабрував да се подобрува, тој го правеше тоа и му помогна да изгради поголема самодоверба“- вели учителката.


Срирам и неговата учителка по пијано


Кога Срирам бил охрабрен да почне да се натпреварува, тоа го донесе до сосема друго ниво. Покрај неговата изведба во „Carnegie Hall“, тој учествувал на многу други, вклучувајќи го и добивањето на пофалница за најмлад учесник за 2016 на  „Newton Has Talent."

Кога Срирам имал 4 години, неговата мајка Сунанда, му дала тастатура која планирала да ја фрли. Помсилила дека ќе го држи тоа зафатен некое време. Но таа не била свесна во тој момент дека оваа ситуација отворила за него нов пат.

„Девет години подоцна тој ни покажа што може да направи кога е на големата сцена“- вели мајката, која додава дека е радосна што го гледа својот син колку е друштвен и како го покажува својот талент.


Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот