X
 27.01.2016 Политика

Што може светот да научи од Германија?

Германија е една од најмоќните држави во светот во моментов. За тоа постојат повеќе причини и факти од кои може да се учи

Корисниците на „Quora“ одговараа на прашањето: Што може светот да научи од Германија? Меѓу одговорите се најдоа и овие:

1. Развиените нации може да научат како да бидат развиени како Германија и сепак да имаат активен сектор за производство.

2. Земјите во развој може да научат како да создадат балансирана економија, да ја подобрат индивидуалната продуктивност и да имаат добар здравствен систем.

3. Земјите со лошо минато може да научат како да заборават на неуспесите со разни програми за социјално инженерство и да отстапат како нација со предизвици за иднината.

4. Техничките училишта и организации може да научат како да создаваат таленти со примерот на техничките средни училишта и факултети во Германија.

5. Автомобилските и авионски компании низ светот може да научат од минатото на Германија и сегашноста во дизајнот и производството на квалитетни и убави машини.

6. Нациите погодени од војна може да научат како со заеднички сили и жртва може да никнат повторно.

7. Регионалните економски и политички сили може да научат од германските стратегии за водење во време на економска криза и политички проблеми со долгорочна визија и добро размислување.

8. Модерните интелектуалци од сите нации може да научат од германските уметности, музиката, поезијата и книжевноста.

9. Модерните научници може да учат од научниците и филозофите од Германија кои направиле промена во науката и математиката.

10. Сите ние може да научиме многу од успесите на луѓето од Германија низ вековите кои самите учеле и работеле на различни теми и идеи и со различно размислување стигнале до она што го имаат денес.

Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика