Преведување и толкување

Катедрата за преведување и толкување произлезе од првиот успешен проект на независна суверена Република Македонија (TEMPUS-PHARE -JEP, бр. 12261-97) одобрен од Европската комисија во Брисел. Таа ја иницираше својата настава во академската 2001/2002 година. Мобилната реализација за обука на наставниот кадар се одвиваше од 14.12.1997 до 14.3.2001 година. Во проектот учествуваа Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, Институтот Мари Апс од Брисел (Institut Libre Marie Haps) како главен европски координатор, Високата школа Еразмус за преведувачи и толкувачи од Брисел (Erasmushogeschoolvanhet Gemeenschapsonderwiis), Институтот за преведувачи, толкувачи и меѓународни врски при Универзитетот за општествени науки од Стразбур, (Institut de Traducteurs, d’Interprètes et deRelations Internationales - Universitè des Sciences Humaines de Strasbourg) и Универзитетот од Хајделберг, (Ruprecht-Karls-Universitat Heidelberg) во соработка со Универзитетот од Маинц (Johannes-Gutenberg-Universität).

Во текот на реализацијата на проектот, одреден број наставници и соработници од Катедрите за англиски јазик и книжевност, француски јазик и книжевност, германски јазик и книжевност и македонски јазик и јужнословенски јазици прифатија да одржуваат настава на Катедрата за преведување и толкување и под тој услов во повеќе наврати престојуваа во горенаведените институции за стручно усовршување.

Истовремено се создадоа и други услови за нормално одвивање на целокупната наставно-научна дејност на Катедрата за преведување и толкување, со средства од заедничкиот европски проект беа изградени и опремени: салата за толкување, лабораторијата за мултимедијално учење на јазиците застапени на Катедрата, библиотеката на Катедрата за преведување и толкување, како и Центарот за терминологија и лексикографија во состав на Катедрата. Во учебната 2005/2006 година стартуваше оценувањето преку собирање кредити според ЕКТС.

За одбележување е фактот дека на оваа катедрасе користат мошне современи наставни помагалаза преведување и толкување (компјутери снабдени со интернет, кабини за толкување, фотокопири сл.). Наставниот кадар грижливо внимава во целост да се реализираат предметните програми и редовно да се посетува наставата од страна на студентите, во согласност со нивниот редовен статус на студии. Понеделничките конференции, кои се инаку задолжителен предмет на насоката толкување, претставуваат осообена можност за практика во толкувањето од страна на студентите, на кои се покануваат еминентни гости и професори како од домашна така и од странска провиниенција.

Како резултат на ефикасното работење и квалитетната настава која ја нуди, Катедрата за ПиТ за многу кусо време се стекна со значително реноме во земјата, кое секако резултира и со добар углед и на меѓународен план. Како производ на успешната реализација на проектот TEMPUS-PHARE - JEP , бр. 12261-97, Катедрата за преведување и толкување, беше првиот европски одобрен проект во независна суверенаРепублика Македонија, односно претставува прв македонски исчекор кон нејзината европска интеграција. Имајќи основна задача да продуцира преведувачи и толкувачи, како одговорни стручни и медијаторски лица во комуникацијата со припадниците на разни култури и јазици, Катедрата се одликува пред сè со: - програми по европски стандарди (кои одлич но се вклопуваат во општите начела на ЕКТС), одобрени од европските партнери во Брисел, Стразбур и Хајделберг во траење од четири години, односно осум семестри; - одржување партнерска соработка од областа преведување и толкување со спомнатите партнери, а со посредство на Европската комисија, зачленување во нови европски и светски партнерски асоцијации, специјализирани за преведување и толкување, како што е мошне познатата Меѓународна асоцијација за конференциски толкувачи AIIC (Association internationale d’interpretètes de confèrences) со седиште во Женева; - модерна техничка опременост на Катедрата - техниката е подарена од Европската комисија исклучиво за намените на Катедрата за преведување и толкување; - давање поддршка и примена на западноевропскиот принцип за немешање или строга дистинкција на: 1. лингвистичко-филолошки и 2. преведувачки професионални афинитети - продуцирање на дипломирани стручни преведувачи/толкувачи како интердисциплинарни билингвални профили свртени кон практикување на економската, правната, техничката, политичката, медицинската, журналистичката и друга терминологија, а тоа значи фокусирање врз палетата на стручни преведувачи, конференциски толкувачи, судски преведувачи и толкувачи, преведувачи на филмови, медиумски толкувачи итн.

- служење со трите најфреквентни јазици застапениво европските институции наспрема македонскиот,при што речиси подеднакво се владеатдва од понудените три европски јазици (англиски,француски, германски) со шест можни комбинации:англиски и германски / англиски и француски/ француски и англиски / германски и англиски/ германски и француски / француски и германски, во согласност со меѓународната шема на работнијазици А-Б-В: А - македонски јазик, Б - прв странскијазик, В - втор странски јазик; - следење на промените во општествените итехнолошките услови во транскултурната комуникација,каде преведувањето и толкувањетодобиваат статус на посебна мошне комплекснаинтердисциплинарна научна област со проекцијана сингуларна професија преведувач/толкувач;

- базирање врз научни сознанија како почетна точка за соодветна стручна, ментална и социјалнадиспозиција на преведувачите и толкувачите коимораат професионално да одговорат на современитеи идните општествени потреби, со сета одговорноство однос на барањата на меѓународниоти на домашниот пазар на трудот;

- надградување со специјализирана транслатологија(наука за преведување и толкување) врзјазичната и културната компетенција, со имплементирањена клучните вештини: способност закомуникација, апстракција, рефлексија со применана најсовремена техника, флексибилност иподготвеност за кооперација во прилог на доживотнотообразование, со цел да се потенцира доследнотопренесување на пораката од писмен, устен,или мултимедијален оригинал на друг(и) јазик(ци), односно на друга(и) култура(и); - внесување на студиски иновации преку понеделничките конференции (во рамките на предметотКонференции и практика во институции) каковидливо освежување и афирмација на Катедрата ина Филолошкиот факултет во целина, каде штоучесниците (студенти, професори, поширока публика)имаат можност да ги слушнат најновитеидеи, достигнувања и проекции од секоја сферана општественото живеење кај нас и во светот, користејќи го интелектуалниот влог на еминентниличности од нашите и меѓународните универзитетскицентри, странските амбасади, асоцијации икултурни центри;

- давање предност при вработувањето на дипломиранипреведувачи и толкувачи во јавниот иприватниот сектор, во владините институции (Секретаријатотза европска интеграција, министерствата,Парламентот на РМ), во конзуларно-дипломатскитепретставништва кај нас и во странство,во невладините установи од национален и меѓународенкарактер, како и во мешовитите претпријатијашто непосредно соработуваат со странство,како и во Европскиот парламент (Стразбур), Европскиотсовет (Брисел), Европската комисија(Брисел), Европскиот суд на правдата (Луксембург),Советот на Европа со мултијазичниот оддел(Грац), УНЕСКО (Париз) итн. Работата на оваа катедра бара непрекинатконтакт и информации за европските интенции заосовременување и олеснување на наставниотпрактичен приод, каде што обуката игра посебноважна улога, поврзувањето со преведувачките европскии светски центри преку збратимување иразмена на искуства меѓу наставниците и студентите,имплементирање на нови програми за реформиво образовниот процес на ЕУ, како на пр. LINGUA,LEONARDO, SOCRATES.

Во учебната 2001/2002 и 2002/2003 шеф наКатедрата беше проф. д-р Дореана Христова, заменик-шеф доц. д-р Силвана Симоска и секретар ТатјанаПанова-Игњатовиќ. Во учебната 2003/2004шеф на Катедрата беше доц. д-р Силвана Симоска,заменик-шеф Татјана Панова - Игнатовиќ, а функцијатасекретар ја вршеа доц. д-р Мирјана Алексоска-Чкатроска, доц. д-р Снежана Петрова и доц. д-р Раде Јорданов.

Катедрата за ПиТ освен со партнерските центри (Брисел, Стразбур, Хајделберг, Грац, Виена) како и одличната соработка со службите за лингвистичко-културна соработка со Француската амбасада, Францускиот културен центар, Германската амбасада, Германската служба за академска размена(DAAD), Британскиот совет и Американскатаамбасада, посакува соработка со сите преведувачки центри од регионот и од Европа, како и непосредни контакти со Европскиот центар за живи јазици од Грац, каде што се трасира јазичната и преведувачка насока за земјите од Европа. Исто така, Советот за Европа и неговата лепеза на образовнии стручни потенцијали за време на собири од кои произлегува печатен текст и заклучоци, се неминовна потреба за потхранување и снабдување со најнови информации. Катедрата за ПиТ иницираше Специјалистички студии по толкување, односно петта година на студии, кои ќе започнат во уч. 2006/2007 год. Претседател на работната група за изготвување Елаборат за специјалистички студии по толкување беше доц. д-р Силвана Симоска. Во изготвувањето на Елаборатот беа вклучени сите катедри на Филолошкиот факултет, обезбедувајќи на тој начин широк спектар јазици како од национален (македонски, албански, турски), така и од меѓународен карактер (германски, англиски, француски, италијански, руски). Вреден за напоменување е фактот дека имавме јасна согласност од наставниците по сите горенаведени јазици за вклучување во наставата на специјалистичките студии на Катедрата за ПиТ. Со постдипломските стручни студии (специјалистички студии) по толкување на студентот му се овозможува стекнување специјализирани и продлабочени знаења во областа на консекутивното и симултаното толкување, кои се потребни за успешно извршување на стручните работи на толкувачите. Студиските и предметните програми за специјалистичките студии по толкување се конципирани во согласност со Европскиот систем за пренесување бодови, односно ЕКТС.