01.04.2019
Препорачани огласи
Оглас за платена пракса во Спорт Висион
SPORT VISION – Оглас за платена пракса во синдикална продажба
Компанијата Sport Vision е лидер на пазарот за спортска облека, обувки и опрема. Sport Vision е овластен интернационален партнер за водечките брендови Nike, Adidas, Reebok, New Balance. и др. Во понудата имаме широк асортиман со повеќе од 50 други реномирани брендови како на пример: Champion, Umbro, Lonsdale, Ellesse, Sergio Tacchini, Slazenger, Karrimor и многу други. Основна дејност на фирмата е трговија со спортски обувки, облека и опрема преку малопродажна и големопродажна мрежа. Малопродажната мрежа брои повеќе од 200 продажни објекти во 8 држави: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Албанија, Бугарија и Романија.
За кого е наменета праксата?
Кандидатите треба да бидат амбициозни, мотивирани студенти без работно искуство, дипломирани или во последна година на студиите по економски науки (смер сметководство и ревизија) кои се спремни стекнатите знаења да ги применат во пракса. Неопходно е одлично познавање на Microsoft Office апликациите и познавање на англиски јазик.
Главни задачи:
• Книжење на уплати по фактури во web апликација
• Изработка на збирни спецификации
• Побарување и набавување списоци за уплата и следење на наплата
• Утврдување претплата за купувачите со административна забрана
Што нудиме?
• Менторска работа
• Работа во динамична средина
• Месечен надомест за ангажман
Времетрање на праксата:
Три месеци.
Како да аплицирате?
Испратете го своето CV (со телефонски контакт) и мотивационо писмо, на следната е-маил адреса: hr@sportvision.mk, со назнака „Апликација за пракса – соработник во синдикална продажба“, најдоцна до 07.04.2019, до 12:00 часот. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Активен до:
07.04.2019