X
 01.01.2020 Живот

Близначиња се првите новороденчиња во 2020 година

На Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, се родија првите бебиња, две близначиња во 2020 година.

 Првото е женско, родено во 00:01, а второто е машко и е родено во 00:03 часот. Да се живи и здрави! На родителите им посакувам убава, среќна и бериќетна година, информираше министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил.

Како што информираат од Клиниката, првото е женско, родено во 00:01 часот, тешко 2360 грама и долго 47 сантиметри. Второто е машко и е родено во 00:03 часот, тешко 1760 грама и долго 43 сантиметри. Бебињата и мајката Снежана од Скопје се чувствуваат добро.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот