X
 01.03.2019 Живот

Сте слушнале ли за ледено цунами? Погледнете како изгледа

Дали некогаш сте слушнале за цунами од лед? Невремето што неодамна ги погоди Канада и САД предизвика одложување на летовите и продолжување на распустот, а илјадници домаќинства останаа без електрична енергија. На бреговите на езерото Ири ветрот беше толку силен, што се создаде ледено цунами.

Силните ветришта и огромната количина лед создадоа неверојатен феномен на реката Нијагара, на југот од Онтарио во близина на езерото. Снимката од необичниот феномен го објави тамошната полиција.

Феноменот на ледено цунами настанува кога ветриштата ги туркаат парчињата лед преку коритото на реката и така предизвикуваат натрупување на големи количини лед на асфалтот.

Патиштата околу реката се затворени за да не се доведат во опасност возачите.

Според локалното население, и порано имало бури, но никогаш не било вака.

Леденото цунами, за разлика од другите, е редок, но добро документиран настан. Според Мајкл Грешко од „Нешнел џиографик“, леденото цунами се проучувало уште во 1822 година.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот