X
 21.10.2016 Живот

Колку време трае платеното породилно отсуство во државите низ светот

Соединетите Американски Држави ја имаат една од најразвиените економии во светот. Но, кога станува збор за породилното отсуство и правата на жените, значително заостануваат дури и зад земји како Куба или Монголија.

мајка и бебе


Правилата за платеното породилно отсуство варираат од држава до држава. Во некои земји отсуството го финансира работодавачот, во други, државни фондови. За жители со ниски приходи или за вработени во неформалниот сектор, многу земји нудат парични надоместоци за мајките, според Меѓународната организација за труд.

САД значително заостанува зад многу неразвиени или средно-развиени држави кои нудат некаков вид на платено породилно отсуство (барем 14 недели). Некои развиени земји со стабилна економија како Норвешка, Канада или Шведска, овозможуваат барем 26 недели платено породилно отсуство. Во Јужна Кореја, Јапонија, Чешка, Австрија и Данска тој број е 52 и тие се во 36те земји во светот што ги имаат најдобрите услови за новите мајки. 32 од овие земји се во Европа. Русија им дава на мајките 140 слободни денови со 100% плата.

Европската историја на платеното породилно отсуство започнува во Втората светска војна. Имено, поради огромниот број на жртви и уништената инфраструктура, постоела потреба да се интегрираат жените во општеството како работната сила, но и да се охрабрат да имаат деца и семејство. Како резултат на тоа според една студија од 2014 година, политиките за платено породилно отсуство нуделе безбедност на работата за мајките, а со тоа се промовирал и економски раст.

Наспроти ова, поради моменталната состојба во САД, многу жени сметаат дека треба да се одлучат помеѓу кариерата и семејството. Оваа родова нерамноправност го потенцира прашањето за  еднакви шанси за работа и за мажите и за жените, а особено се одразува на жени од пониски социоекономски средини.

свет

Во меѓувреме ситуацијата се подобрува на глобално ниво. Квалитетот на условите за жените се подобрил во 56 земји и барем 190 држави имаат некакво платено отсуство за мајките. Од Балканот, меѓу државите со најпогодни услови се и Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија и Хрватска. Македонија се наоѓа во втората група држави, со платено породилно отсуство од 26 до 51 недела. Во оваа група се и Италија, Норвешка, Канада, Исланд, Франција, Ирска и Луксембург. САД го дели местото со уште 8 држави без платено отуство: Суринам, Микронезија, Палау, Тонга, Папуа Нова Гвинеја, Маршалови Острови, Науру и Ниуе.

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот