X
 01.10.2023 Забава

Домот на Шрек наскоро ќе се изнајмува на „Ербиенби“

Сите обожаватели на филмовите за Шрек ја помнат куќата во која живее главниот лик. Сега неколку среќници ќе може да престојуваат во неа преку „Ербиенби“.


Фото: Airbnb

Оваа платформа одново го изградила домот на Шрек откако го направи истото со локации инспирирани од други филмови. Домот на Шрек се наоѓа во Шкотска, на локација која одговара на филмот. Во домот го има познатото зелено столче на Шрек и дрвен кревет.


Фото: Airbnb

Сместувањето во домот е бесплатно, а заинтересираните гости може да побараат ноќевање откако ќе започнат резервациите. Истовремено, „Ербиенби“ ќе направи донација на детска хуманитарна организација во Шкотска.


Фото: Airbnb

Резервирањето на домот ќе биде возможно од 13 октомври.


Фото: Airbnb


Извор: Mashable
Насловна фотографија: Airbnb

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава