X
 01.12.2018 Живот

Јапонци тврдат дека оживеале смрзната риба

Деновиве на социјалните мрежи се појави снимка направена во Јапонија на која може да се види како некои луѓе со одмрзнување со топла вода оживуваат една риба. Прво се гледа дека рибата е прекриена со лед, а потоа како ја ставаат во вода, каде таа неколку секунди лежи неподвижна. Изненадно, рибата оживува и прета.

Снимката е прегледана илјадници пати. Многу корисници на социјалните мрежи се збунети од оживувањето и прилично се сигурни дека снимката е лажна.

Од „Дејли Мејл Австралија“ контактирале со ветеринари кои се занимаваат со риби за да им го објаснат овој феномен, а тие велат дека има неколку случаи во кои смрзнати животни биле вратени во живот.

На пример, една смрзната мачка во Јута во 2015 година оживеала откако фамилијата ја ставила покрај каминот и применила кардиопулмонална реанимација.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот