X
 01.12.2023 Здравје

Нов евтин метод открива рак на дојка за само две минути

Истражувачи од Универзитетот во Ватерло откриле револуционерен метод за рано откривање рак на дојка кој е поточен и поевтин од денешните методи за дијагноза.

Тестирањето трае само две минути, а процесот троши помалку енергија од обичен мобилен телефон. Освен тоа, тој е побезбеден отколку снимањето со х-зраци, кое може да ги изложи пациентите на радијација.

Омар Рамахи, главен истражувач, започнал да истражува нови начини за рано откривање рак на дојка во 2001 година, а последните пет години го истражува потенцијалот на користење електромагнетни бранови со ниска фреквенција во дијагнозата.

Заедно со неговиот тим, тој открил дека ниските електромагнетни фреквенции патуваат во прави линии. Со помош на ова сознание, истражувачите создале уред за дијагноза кој прави мамографија, но наместо со х-зраци, дијагнозата се врши со електромагнетна енергија со ниска фреквенција. Со уредот се прават фотографии од внатрешноста на дојката, а вештачка интелигенција ги анализира  големината и локацијата на туморот.

Следниот чекор на истражувачите е да се создаде ваков систем кој ќе може да се тестира на луѓе, а понатаму и прототип за масовно производство.

Извор: Medical Xpress
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје