Научниците успеале да го развијат тестот „Cancer Locator“ за крв кој не само што го открива туморот туку и лоцира каде се наоѓа во телото, објавува магазинот „Genome Biology“. Ова неверојатно откритие ќе им овозможи на докторите да дијагностицираат карцином пред знаците воопшто да се појават.
Тестот е доволно едноставен за да стане дел од рутинските годишни проверки како и сите други крвни тестови. „
Cancer Locator“ беше создаден од научниците од Универзитетот во Калифорнија, а работи на начин преку кој го „лови“ ДНК туморот кој циркулира во крвта на луѓето кои имаат карцином.
Туморите кои растат во различни делови на телото, носат различен отпечаток кој компјутерот може да го препознае.
„Неинвазивната дијагноза на карциномот е доста важна, дозволува рана дијагноза на карциномот, а колку порано се открие, толку се поголеми шансите пациентот да ја победи болеста“, вели професорот Јасмин Зоу.
Со тестот се дијагностицира и видот на карцином. Технологијата бара подобрување и усовршување, но потенцијалот од неговата корист е огромна. За да може да се направи тестот, американскиот тим создаде компјутерска база на податоци која содржи специфични примероци од молекулите кои се појавуваат во ткивата каде што туморот е присутен.
Некои маркери за ДНК оштетување се покажуваат без оглед на тоа кој карцином е присутен, додека други специфични за видот на ткиво од кое потекнуваат како белите дробови или црниот дроб. Воспоставен е и молекуларен примерок за неканцерогени примероци. Тестот е проверен десет пати на примероци крв од 29 пациенти со карцином на црниот дроб, 12 пациенти со карцином на белите дробови и 5 пациенти со тумор на дојката.
Тестот препознал 8 од 10 карциноми и дал лажен резултат на помалку од еден примерок на 100 други личности. Иако нивото на туморска ДНК во крвта било ниско во раниот стадиум на болеста, програмата може да препознае дијагноза па така покажува огромни потенцијали во раното откривање на туморот.