Најскапиот дом во светот не е скриена вила во САД, туку зграда во срцето на Мумбај, Индија. Ова е најскапиот и најголемиот приватен дом на планетата, пренесува „Ментал флос“.
Облакодерот наречен „Антила“ е во сопственост на Мукеш Амбани, претседател на компанијата „Рилајенс индустрис“ и најбогат човек во Индија. Вредноста на домот се проценува помеѓу 1 и 2 милијарди долари. Поскап дом е само Бакингемската палата, која е во сопственост на Велика Британија.
Овој дом има 27 ката и е висок 173 метри. Амбани и неговото семејство ги користат највисоките 6 ката за живот, а во подолните катови има гостински соби, храм, продавница за сладолед, сауна, сала за играње, киносала и голема гаража. Во домот има и соба со вештачки снег.
За да ѕирнете во внатрешноста на овој дом, погледнете го видеото во продолжение.
Извор:
mentalfloss.com
Фото: Принтскрин/Youtube