X
 02.07.2023 Живот

Можете бесплатно да ја резервирате куќата на Барби на „Ербиенби“

Наскоро ќе пристигне филмот „Барби“ (Barbie), режиран од Грета Гервиг. Во пресрет на премиерата, приватен дом обоен во розово, наречен „домот од соништата за Барби“, наскоро ќе биде достапен за изнајмување преку „Ербиенби“.

Престојот е бесплатен, но ќе биде тешко да се направи резервација. Куќата ќе биде достапна за изнајмување на 21 и 23 јули, а резервациите може да се прават од 17 јули.


Фото: Airbnb

Гостите ќе може да позајмуваат облека од плакарот на Кен, да свират на неговата гитара и да играат на подиумот за танцување на отворено. Куќата има базен и се наоѓа веднаш до океанот.

Повеќе информации за резервирањето можете да најдете тука.

Филмот „Барби“ ќе почне да се прикажува во кината низ светот на 21 јули.


Извор: Mental floss
Насловна фотографија: Airbnb
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот