X
 17.04.2015 Култура

Десетгодишното невреме кое било инспирација за "Interstellar"


Сигурно досега веќе го погледнавте „Интерстелар“, ремек-делото на Кристофер Нолан. Се сеќавате на последните неколку минути од филмот? Годината е 2067, а гледаме разговори со преживеаните од апокалипсата.

Иако филмот на Нолан не е реален, последните сцени се разговори со луѓе кои навистина преживеале пустинско невреме кое речиси го уништил западен САД во 1930-те години. Овие фотографии дефинитивно не се фиктивни. Тие се направени во неколку градови во САД за време на Големата депресија. Жителите мислеле дека тоа е крај на светот.

Пустинските невремиња траеле речиси една деценија. Многумина се разболиле и умреле од пневмонија или лоша исхрана поради правот. Ова е најголемата миграција во американската историја за краток период. Дури 3,5 милиони луѓе ги напуштиле своите фарми во Оклахома, Арканзас, Мизури, Ајова, Небраска, Канзас, Тексас, Колорадо и Ново Мексико.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура