X
 02.08.2018 Наука

Научници тврдат дека ја решиле мистеријата за смртоносниот Бермудски триаголник

Британските научници веруваат дека „непријателски“ бранови со височина од 30 метри се причината зошто толку многу бродови потонале во мистериозниот Бермудски триаголник.

Оваа област во западниот дел на Северниот Атлантски Океан се протега на површина од околу 700.000 квадратни километри помеѓу Флорида, Бермуда и Порторико. Познат и како „Ѓаволски триаголник“, во оваа област загинале повеќе од 1.000 луѓе во изминатите 100 години.

Експерти од Универзитетот во Саутемптон, Велика Британија, веруваат дека мистеријата може да се објасни со природниот феномен познат како „непријателски бранови“.

1
Фото: iStock


Научниците користеле симулатори во затворен простор за да ги рекреираат изворите на монструозните води. Непријателските бранови, што траеле само неколку минути, за првпат биле забележани од сателитите во 1997 година, покрај брегот на Јужна Африка.

Истражувачкиот тим изградил модел на „USS Cyclops“, огромен брод што исчезнал во Бермудскиот триаголник во 1918 година, носејќи 300 животи.

И поради неговата големина и рамна основа, не било потребно многу за моделот на бродот да биде покриен со вода за време на симулацијата.

Д-р Симон Боксал, океанограф и научник рече дека злогласната област во Атлантикот има три масивни бури што доаѓаат од различни насоки и се спјуваат - создавајќи совршени услови зза непријателски бранови. Тој верува дека ваквиот бран може да потопи брод.

1

-Постојат бури што се спојуваат заедно. А постојат и на Флорида, така што би можело да има потенцијално смртоносно формирање на непријателските бранови. Тие се стрмни и високи - измеривме бранови поголеми од 30 метри. Колку е поголем бродот, толку поголема штета прави бранот. Ако можете да замислите непријателски бран со врв на секој крај, а под бродот не постои ништо, тогаш бродот се крши на два дела. Ако се случи, бродот може да потоне за две-три минути - вели д-р Боксал.

Мистериите на Бермудскиот триаголник може конечно да бидат објасенти со оваа теорија, но митовите што ќе ја опкружуваат областа најверојатно ќе траат засекогаш.

Како започнале приказните и легендите за Бермудскиот триаголник?

Абнормалностите за првпат биле забележани во 1950 година од Едвард Џонс. Меѓутоа областа стана популарна во 1952 година кога Џорџ Сенд напишал во „Фејт“ списанието за неколку инциденти што се случиле во регионот.

Еден од попознатите примери беше оној на летот 19, тренинг лет на пет торпедо авиони. Сите пет авиони исчезнале за време на тренингот во 1945 година. После ова, биле пријавени голем број исчезнувања на авиони или бродови, така што мистеријата продолжила. Оттогаш, истражувачите и научниците давале низа теории за да ги објаснат мистериозните исчезнувања.

Една од нив е теоријата за гас метан што се наоѓа на морското дно и што предизвикувал исчезнување на авионите и бродовите. Тој би можел да еруптира, да ја намали густината на водата и да предизвика бродовите да потонат како карпа. Дури и авионите што летаат над оваа област би можеле да се запалат и да бидат целосно уништени.

2
Фото: iStock


Друга теорија поврзана со „електронска магла“ што всушност е име на бура. Оваа магла се појавувала од никаде и ги зафаќала авионите или бродовите, па предизвикувала дефекти на инструментите со што бродовите и авионите исчезнувале без трага.

Австралискиот научник д-р Карл Круселински исто така ги обвинил големите бранови за очигледното исчезнување на летот 19, за кој верувал дека се урнал во Бермудскиот триаголник поради човечка грешка.

Минатата година, авион со четири лица, вклучувајќи мајка и две деца, исчензал во озлогласениот триаголник.

Џенифер Блумин, и нејзините два сина, заедно со пилотот кој ѝ бил момче, биле во Порторико и летале за Флорида кога нивниот авион исчезнал од радарот на 59 километри источно од островот Елеутера на Бахамите.

Комуникацијата била изгубена на 7.3 километри и брзина од 555 километри на час.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука