X
 02.08.2018 Живот

Студентка го спаси од депортирање од Шведска, а тој бил криминалец

Шведската студентка Елин Ерсон стана херој откако го спречи депортирањето на авганистански мигрант одбивајќи да седне во авионот пред полетувањето.

Меѓутоа, шведската полиција потврди дека човекот чие депортирање било спречено издржувал затворска казна во Шведска поради напад. Портпаролот на полицијата не сакаше да открие повеќе детали за кривичното дело кое го извршил мигрантот.

Неговата молба за азил исто така е одбиена.



Авганистанецот сепак ќе биде депортиран, иако датумот останува непознат.

Покрај недостатокот од информации за човекот кој требаше да биде депортиран, мнозинството медиуми ја пренесоа веста за Ерсон. „Вашингтон Пост“ за нејзиниот акт пренесе дека е „драматичен чин на граѓанска непослушност“, додека, пак, „Њузвик“ ја опиша како „херој'.

Студентката во живо го снимаше целиот инцидент, а снимката на „Фејсбук“ имаше пет милиони прегледи.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот