X
 02.08.2020 Живот

Кучињата му помагаат на човекот да живее подобро

Во случај да ви требаат докази за да докажете дека кучето навистина е најдобриот пријател на човекот, ново истражување го потврдува ова верување.

Според истражување направено во 2019 година, односот на сопствениците со нивните кучиња им ја зголемува нивната долговечност. Истражувањето, објавено од списанието на Американската асоцијација за срце, траело речиси 70 години и ја потврдува врската помеѓу долговечноста и дружењето со нашите крзнести пријатели.

Некои од наодите во истражувањето вклучуваат пад од 24 отсто ризик од смрт во споредба со оние кои немале куче. Но, шест други истражувања покажале и значително намалување на ризикот од смрт кај сопствениците на кучиња.

Зошто баш кучето ни помага да живемее подолго? Некои истражувања укажуваат на зголемување на физичката вежба поврзана со кучињата. Утринските и вечерните прошетки на кучињата, како и трчањето, ни помагаат во борбата против состојби како што се срцевите заболувања.

Сите споменати активности се изведуваат на отворено, така што сопствениците на кучиња се изложени на свеж воздух и сончева светлина. Но, една од нашите омилени активности со кучињата е таа што најмногу влијае - галењето. Едноставно со галењето на кучињата се намалува крвниот притисок исто како да пиете лекови. Освен тоа, поседувањетп на куче исто така обезбедува многу придобивки за менталното здравје, како што е намалување на осаменоста, повисока самодоверба и пониски стапки на депресија.

Иако придобивките во физичкот и менталното здравје се големи, поседувањето на куче не е замена за други здрави практики. Сепак, со овие откритија, кучињата се покажаа како искра за многу наши напори за само-подобрување и мотивација.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот