X
 27.09.2023 Живот

Истражување открива дека пропуштаме клучни моменти од животот поради гледање во нашите телефони

Во ново истражување Британците признаа дека не успеале целосно да ги доживеат клучните моменти од нивните животи затоа што гледале во нивните телефони. Истражувањето спроведено на 2.000 возрасни лица покажа дека 84 отсто од нив снимале важен животен настан со својот телефон.

Но, 28 отсто од нив откриле дека сметаат дека треба повеќе да уживаат во важните моменти во животот наместо да го користат телефонот. Повеќе од половина од испитаниците (60 отсто) повторно би ги доживеале тие моменти, но овој пат би учествувале во нив и не би гледале во телефоните.

Резултатите од истражувањето покажаа дека луѓето трошат повеќе од 20 минути за да ги снимат клучните моменти во животот и, според тоа, не биле дел од нив. И покрај честото користење на камерата, 40 отсто од испитаниците признале дека ретко ги гледаат овие фотографии или видеа или воопшто не ги гледаат (10 отсто).

Иако и самите го прават тоа, половина од испитаниците изјавиле дека се фрустрирани кога некој друг го прави истото. Истражувањето го спроведе компанијата „Моторола“ по повод лансирањето на паметните телефони на преклоп.

Покрај исклучителниот дизајн и спецификации, двата модела се дизајнирани така што корисниците можат да ги преклопат за да ги избегнат сите одвлекувачи на вниманието од важните животни моменти.

1
Фото: Freepik

- Важно е да се снимаат клучните моменти, но важно е и да не се живее низ објективот на камерата и да се биде присутен во моментот. Затоа, најважно е наоѓањето на вистинската рамнотежа. Ова истражување ги акцентира позитивните страни на присуството во сегашноста, а нашата технологија може да им го даде на луѓето тој златен пресек за да имаат многу пофлексибилен однос со нивниот телефон - вели Мајлс Норман, генерален менаџер на брендот „Моторола“ во Велика Британија.

Ова се 20 најчести пригоди што луѓето ги снимаат со својот паметен телефон:

- Поминување време во природа;
- Посета на историски и природни споменици;
- Кога домашното милениче прави нешто смешно;
- Кога некој близок ги дува свеќите на тортата;
- Фотографирање храна;
- Кога ќе видат диво животно во природа;
- Раѓање на дете;
- Кога омилениот бенд ја свири најпознатата песна;
- Првиот училиштен ден на децата;
- Свадба;
- Кога децата првпат почнуваат да возат велосипед;
- Првиот танц на некој близок на свадба;
- Спортски активности на децата на училиште;
- Првите чекори на бебето;
- Почеток и крај на спортски настан;
- Концерт на популарен музичар;
- Музички фестивал;
- Првите зборови на децата;
- Изведување пенал;
- Забележување славна личност;

Извор: Benchmark.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот