„Луфтханза техник“ објави дека се наоѓа во завршна фаза од сертификацијата од страна на Европската агенција за воздухопловна безбедност (ЕАСА) за технологијата „Аерошарк“ на авионот „ербас А330-300“ на „Дискавер“.
Технологијата „Аерошарк“, која ја развија „Луфтханза техник“ и „Сурвентис“, се темели на структурата на кожата од ајкула. Посебниот површински филм, обликуван по примерот на природата, го намалува отпорот за време на летот, со што се намалуваат потрошувачката на гориво и емисиите на CO₂.
„Аерошарк“ е единствената таква технологија на пазарот одобрена за комерцијалното воздухопловство и моментално е сертифицирана за боинг 777Ф, Б777-300ЕР и Б777-200ЕР. По сертификацијата за „боинг 777“, процесот на сертификација сега е насочен кон „ербас А330“, вториот најиспорачуван модел на авиони за долги релации во светот.
„Аерошарк“ е вештачки полимерен филм со втиснати жлебови од 50 микрометри кои ги реплицираат геометријата, висината и растојанието меѓу гребените на кожата од ајкула. Накратко, компанијата тврди дека ги намалува потрошувачката на гориво и емисиите за еден процент од лет, а до 2 % кога облогата се нанесува и на крилата и на опашката.
„Луфтханза техник“ кон крајот на август влезе во завршната фаза од дополнителната сертификација на типот за својата површинска фолија за намалување на отпорот кај ербас А330-200 и А330-300. Пред и по модификацијата, млазниот авион за долги релации на компанијата „Дискавер ерлајнс“ минува низ пробни летови во текот на неколку недели.
Фото: принтскрин/јутјуб