X
 02.11.2018 Наука

Дали ова е одговорот на мистеријата стара илјадници години?

Пирамидите во Египет се архитектонско чудо. Сепак, сè уште е мистерија како античките Египќани ги изградиле земајќи го предвид фактот дека се направени од блокови со просечна тежина од 2,3 метрички тони (во случајот на Големата пирамида во Гиза).

Но, ново археолошко откритие можеби дава објаснување барем за тоа како камените блокови биле придвижувани. Во каменоломот за алабастер Хатнуб има рампа стара 4.500 години која може да покаже како камењата биле вадени од каменоломот за да бидат однесени на местото каде што се граделе пирамидите.

Иако главниот материјал за изградба на пирамидите бил варовник, се користел и алабастер за подовите, статуите и за ковчезите. Но, системот кој бил користен за да го помести извадениот алабастер веројатно бил користен и во други каменоломи.

Според Мустафа Вазири, генерален секретар на египетското министерство за антиквитети, ова е важно откритие -  првиот доказ кој покажува како биле кревани тешките блокови и како биле пренесувани од каменоломите.

Иако сè уште е мистерија како тешките блокови биле транспортирани по страните на пирамидите, системот на рампата може да даде клучни податоци.

Фото: Science Alert

- Системот за поместување се состои од централната рампа околу која има скали кои имаат дупки за колци - објаснува археологот Јанис Гордон.

Во тие дупки имало силни дрвени колци. Блоковите од алабастер би биле поставени на дрвени санки и систем во кој се користат јажиња врзани околу колците, би дејствувал како чекрек за да ја зголеми применетата сила за да помогне во влечењето на големите камења по наклон од 20 или повеќе степени.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука