X
 02.11.2023 Живот

Македонската компанија „Инфините солутионс“ слави 20 години од постоењето со настан „Дигитална трансформација со Мајкрософт деловни решенија и вештачка интелигенција“

Македонската ИТ-компанија „Инфините солутионс“ (Infinite Solutions) прославува 20 години успешно работење преку реализација на повеќе од 250 проекти во 27 земји, со што опслужи над 100 клиенти на 4 континенти. Јубилејниот роденден компанијата го одбележа со одржување на конференцијата „Дигитална трансформација со Микрософт БизАп и вештачка интелигенција“ во Скопје, пред повеќе од 200 гости.

„Инфините солутионс“ е ИТ-компанија со големо искуство во Microsoft Dynamics AX, D365FO & D365CE, PowerPlatform, Azure и .Net технологии. Исто така, таа е партнер на Pantheon ERP. Поседува сертифициран тим на проектни менаџери, консултанти и програмери, познати по справувањето со големи проекти со повеќе од 1.000 корисници. 

Нејзиниот примарен фокус е имплементација на системи за управување со ресурси на претпријатието (ERP), вклучувајќи ги Microsoft Dynamics AX, D365FO, регионалниот ERP решение Pantheon и Microsoft Power Platform. Таа е сертифициран партнер на добро познати ИТ-брендови како Microsoft, Fujitsu Technology Solutions, NetApp и други.

- Денес сме фокусирани на земјите од Европа и најмногу работиме на имплементации на ЕРП системи, Мајкрософт динамикс 365 ФО, како и развој на софтвер за потребите на странски клиенти, пред сѐ, од Ирска и Велика Британија. Ние имаме конкурентната понуда на глобалниот пазар со квалитетни услуги и производи, испорачани од врвни експерти - вели Слаѓан Михајловски, главен извршен директор на „Инфините солутионс“.



Во текот на последните 20 години „Инфините солутионс“ заврши повеќе од 250 проекти во 27 земји на 4 континенти, опслужувајќи повеќе од 100 клиенти. Нејзиното опширно искуство се проширува низ различни сектори, вклучувајќи ги финансискиот, услужниот, производствениот, логистичкиот, здравствениот и владин сектор.

Во „Инфините солутионс“ се гордеат со големо разбирање на бизнисите на клиентите и со обезбедување ИТ-решенија од почеток до крај, вклучувајќи го дефинирањето на барањата, испораката, одржувањето и постојаните надградби. Тие ја нагласуваат вистинска соработка со клиентите и партнерите и успешно завршување на проектите докрај. Нивната понуда вклучува консултации, имплементација, развој, поддршка, интеграција, тестирање, миграција и други ИТ-услуги поврзани со Dynamics AX/D365. Исто така, располагаат со силен и исклучително компетентен тим посветен на Microsoft Dynamics AX2012, D365FO, D365CE, Power Platform, .Net и Azure.

„Инфините солутионс“ има впечатлива листа на клиенти и проекти, опслужувајќи големи светски компании како Michelin, HPE, Microsoft, TAV, Johnson Matthey, и компании кои оперираат во повеќе земји, како MoveOne, Vienna InsuranceGroup, SAGlobal и разни јавни секторски организации, вклучувајќи министерства и агенции на владата.

Компанијата „Инфините солутионс“ е добро втемелена ИТ-компанија со широк спектар на услуги, големо искуство и фокус на обезбедување ИТ-решенија приспособени на потребите на нивните клиенти во различни индустрии и сектори.



„Инфините солутионс“ својата препознатливост дома и во светот самостојно ја гради од 2003 година, иако корените на компанијата се од 1995 година кога Интернешнл компјутерс лимитед (International Computers Limited - ICL) од Велика Британија го отворила претставништвото во Македонија. Откако во 1998 година Фуџитсу сервисис (Fujitsu Services) ја презел ICL на глобално ниво, Фуџитцу сервисис решава да ги продаде компаниите во 23 земји од Полска до Малта и локалниот тим од Македонија во таа 2003 година ја откупува компанијата од Фуџитсу сервисис Македонија. Со тоа македонскиот тим ја трансформира компанијата во „Инфините солутионс“, приватна македонска компанија која самостојна почна успешен деловен поход на меѓународно ниво и приходите од странство веќе 10 години се повеќе од 80%.

Роденденот покажува дека „Инфините солутионс“ ја исполнил својата визија да обезбедува деловни решенија за домашни и меѓународни клиенти од највисоко ниво.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот