Меѓународното училиште „Максимилијан“
започнува со упис на средношколци за учебната 2025/2026 година. Во рамките на меѓународната програма учениците следат настава на англиски јазик и таа е наменета за млади од 14 до 18 години. Исто така, меѓународната програма на учениците им овозможува и учење на други странски јазици. Честопати се организираат и различни размени кои придонесуваат за поврзување на средношколците од различни земји, учење на повеќе култури и градење однос на разбирање, почитување и поддршка на различностите.
Паралелките се организирани од 10 до 12 ученици со цел да се овозможи максимална посветеност на наставниот кадар, како и внимание кон образовната материја од страна на учениците.
Наставниот дел во гимназијата е целосно приспособен на новото време и на потребите на младите луѓе и пазарот на трудот. Средното образование е едно од „скалилата“ каде што младите веќе дознаваат за своите интереси и афинитети, за идното работно место и сл.
Меѓународната програма на „Максимилијан“ е вистинскиот избор за учениците од повеќе причини. Најпрво, станува збор за прво и единствено Oxford International School и IB World School во регионот. Тоа значи дека средношколците уште од самиот почеток се подготвуваат за својата идна професија, за животот и за сето она што им го носи секојдневието.
Во „Максимилијан“ можете да учите програмирање и дигитални вештини од прва година. Оние што сакаат да отворат свој бизнис ќе ги научат најважните работи за бизнис и претприемништво. Информациските и комуникациските технологии (ИКТ) се исто така неизоставен дел од програмата.
Уште поважно, учениците се стекнуваат со меѓународно призната диплома, која ќе им овозможи полесен упис и подготовка за некои од најпрестижните светски универзитети.
Сепак, она по што ова училиште се разликува од другите средни училишта, пред сѐ, се големиот број практични вежби и работилници.
Средношколците имаат можност да го применат своето теоретско знаење, да направат вежба во современо опремените лаборатории, да работат на развој на апликации и веб-страници, да дизајнираат, да реализираат студиски посети, посети на установи и сл.
Талентираните млади средношколци ќе можат да се пронајдат и во голем дел од училишните секции. Драмската секција, секцијата за уметност, дебатниот клуб се местата каде што ќе се создава нашата нова креативна сила, која ќе може да го менува општеството на подобро.
Младите ќе имаат можност да соработуваат и со врвен наставен кадар и едукатори со децениско знаење и искуство.
- Нашата основна цел е да создадеме квалитетни млади луѓе кои ќе имаат знаења и интерес за одредена област, но ќе имаат широки погледи и познавања од преостанатите теми. Живееме во период кога мора постојано да се адаптираме, а континуираното учење и сестраноста можат да ни придонесат да бидеме поконкурентни и целосни личности - посочува Софија Филиповска Јордановска, директорка на училиштето.
Изберете образование кое „отвора“ врата кон светот, вложете во себе, во својот личен раст и развој – запишете се во „Максимилијан“.
Дознајте повеќе за меѓународната програма на „Максимилијан“ на овој
линк.
(Комерцијална објава)